Welcome to municipality of Gazi Baba
Our Vision
Our Purpose
-
Municipality Gazi Baba
Општина Гази Баба е формирана на 3 ноември 1976 година. -
location:
Се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел (65% од вкупната територија) се наоѓа во рамница под обработлива површина со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км. -
Climate position:
Територијата на град Скопје, а во таа целина и на Општината Гази Баба е под влијание на два вида клима: изменета средоземна и умерено континентална. Таа ги предизвикува студените континентални и влажни зимски периоди како и топлите континентални и суви медитерански летни периоди. Просечна годишна температура на воздухот изнесува +12,2°С. Минимална апсолутна годишна температура на воздухот изнесува -22,2°С, а максималната +40°С. Просечната годишна релативна влажност на воздухот изнесува 70%. Просечен годишен број на ведри денови е 70, а облачни денови 107. Просечни годишни количини на врнежи 516,1 мм на метар квадратен, просечен годишен број на денови со врнежи 112, со магла 81 и со поледица 0,6. Над територијата на град Скопје, а во тој контекст и на Општината Гази Баба, дуваат три ветрови: Повардарец, Југо и Ветерот од северо-запад. Повардарецот дува од Шар Планина долж реката Вардар према јужните делови на Р. Македонија, преку лето е сув, а преку зима и есен е пратен со врнежи. Ветерот Југо дува од обратен правец на ветерот Повардарец, тој е топол ветар и редовно е пропратен со дожд. Ветерот што дува од Качаник према Скопје по долината на реката Лепенец е сличен како и Повардарецот. Просечната брзина на ветровите изнесува максимално од 29-30 км/ч, средно од 14-21 км/ч и минимум од 1-5 км/ч. -
Area:
Општината се простира на површина од 92 км², и најголем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба. -
Population:
Според пописот од 2002г. општината има 72222 жители, и според бројот на жители претставува една од поголемите општини во градот Скопје и Република Македонија. Демографската структура на општината според етничката припадност : Македонци 73,3%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%. -
Average age:
На населението во ОГБ е 35,4 години, до 20 години 27,4%, до 40 години 58,6%, 60 години и повеќе 14,4%. -
Gazi Baba is industrial, educational and communication center of the City of Skopje.
На нејзина територија се наоѓаат четири факултети од државниот Универзитетот Свети Кирил и Методиј, и еден приватен универзитет - ФОН, 11 основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби, пет државни средни училишта и едно приватно - Јахја Кемал, еден центар за сместување на средношколци, еден студентски центар за сместување на студенти, една приватна болница, две поликлиники, повеќе десетици пунктови на примарна здравствена заштита, аптеки, и филијали на банки и пошти. -
Gazi Baba is the largest industrial zone
на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија. На територијата на општина Гази Баба се регистрирани преку 5066 деловни субјекти според евиденцијата на Централен регистар на Македонија. Општина ГАЗИ БАБА претставува комуникациска и транспортна порта на градот Скопје, низ која поминуваат сите транспортни и комуникациски коридори за градот Скопје како економски, административен и општествен центар на Република Македонија. Општина Гази Баба претставува комуникациско средиште на сообраќајните и транспортните меѓународни коридорите 8 и 10 што претставува одлична основа за динамичен локален и регионален економски развој. Низ територијата на Општина Гази Баба поминува и еден значаен дел (10 км) од заобиколницата околу градот Скопје. Во непосредна близина на општина Гази Баба (на 15 км оддалеченост) се наоѓа и аеродромот "Александар Македонски".