Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Welcome to municipality of Gazi Baba
Our Vision
Our Purpose

Праисторија и антика

Праисторија и антика

 

Територијата на Општина Гази Баба отсекогаш била привлечно место за живеење уште од најстари времиња.Добрата географска положба, извонредните можности за развој на земјоделството и сточарството како и добрата сообраќајна поврзаност со сите патни правци кои воделе низ Македонија, биле магнет за повеќе познати и непознати племиња и народи кои тука се населувале и живееле на подолг или пократок временски период. Кои биле тие племиња и народи кои ја населувале денешната територија на Општинта во праисторијата, најверојатно никогаш нема да се дознае. Причините за тоа се наоѓаат во непостоењето на скоро никакви пишувани материјали или други археолошки релевантни наоди. Инаку праисторијата во Македонија започнува 6000 години пр.н.е. Историјата бележи дека на територијата на Општината првите човечки населби се многу стари и датираат уште од пред околу 3000 до 4000 години пр.н.е. Најпознат археолошки локалитет од тоа време, кој истовремено е и еден од најстарите во Македонија и на Балканот е Тумба во Маџари населба од неолитското време.

 

Се наоѓа на просторот меѓу современите населби Маџари 2 и Ченто, на околу 700 метри од левата страна на автопатот Скопје - Куманово -Велес. Претставува мала височинка - тумба со пречник во основата од 220 метри и висина од 3 метри. Во годините до земјотресот (до 1963 година) иако користена за земјоделски потреби, таа била лесно впечатлива, дури и доминантна во овој дел од рамното поле. Подоцна, со изградбата на споменатите населби, а особено со неконтролираното подигање на дивоградби врз и околу неа, бил создаден нов амбиент во кој тумбата дури и не се забележувала. Врз основа на археолошките ископувања, констатирано е дека се работи за остатоци од повеќеслојна населба, со културен слој од 3 метра, во кој се разграничуваат три хоризонти на живеење од времето на средниот неолит, која културно и припаѓа на културната група Анзабегово-Вршник (II-IV). Истражен е простор од околу 1.400 м² во кој се откриени урнатини и основи од 7 објекти од кои шест се живеалишта, а еден светилиште. Сите биле надземни, со правоаголна или четвртестаоснова, градени од масивна дрвена граѓа и кал. Речиси во секој објект најдени се остатоци од огништа и многу големброј предмети од материјалната култура. Секако, најзастапени се керамичките садови кои покажуваат широка типологија како на облици така и на декоративни мотиви, изведувани во техниките на барботин, импресо и бихромно сликање (кафена врз црвена основа). Во орнаментиката кај поголем дел од садовите, покрај технолошките и ликовно-естетските вредности, присутна е одредена симболика (дожд,клас од жито, вода) поврзана со секојдненвите преокупации на неолитскиот човек. Покрај керамиката, значајна е и откриената култна пластика, посебно антропоморфната, која ликовно е ослободенаод старите традиционлани шаблони. Големата мајка божица- заштитничката на плодноста, е претставена на начин што засега е непознат меѓу неолитските култури од другите балкански простори. Таа е божица со наративна иконографија која е збогатена со палеоетнографски содржини.Тука е пронајдено и единственото од таков вид неолитско светилиште, подигнато на дрвени столбови, каде се вршени обреди за кои засега не се знае ништо. Големата мајка божица е претставена како матрона на храмот, како заштитничка на домот и семејството, мајка хранителка која има и многу дру-ги божествени функции. Таа е претставена во керамички модел во вид на куќа оформена во вид на женска фигура, односно како заштитничка на домот и семејството.

 

Друга неолитска населба во која живееле праисториските луѓе се наоѓала во непосредна близина на с. Брњарци. И оваа неолитска населба во археолошкаталитература е заведена како тумба, со истите карактеристики како и претходната населба. Се наоѓа на 1 км јужно од селото. Нејзината големина се уште не е точно утврдена, но на површина од 0,50 ха, колку што се досега ископани, пронајдени се фрагменти од керамички садови, кремени и камени орудија, како и поголеми фрагменти од куќен лепеж.

 

Во опкружувањето на двете неолитски населби во поново време е откриен уште еден археолошки неолитски локалитет кој сведочи за времето кога тука живееле праисто-риските луѓе од периодот на доцнобронзеното време. Овој локалитет е лоциран во близина на клучката кај Хиподром и претставува некропола (гробница) од доцнобронзеното време, која подоцна продолжила да егзистира и како населба во средниот век. Откриени биле 11 гробови-урни, а исто така и остатоци од средновековна населба.

 

Друга неолитска населба е Тумба - Круша, населба од неолитско и римско време, која се наоѓа помеѓу селата Стајковци и Синѓелиќ. Населбата се протегала на околу 2 ха. По површината се среќаваат многубројни археолошки наоди како: фрагменти од керамички садови, кремени и камени орудија, куќен лепеж, а поретко се среќаваат и фрагментиод римска керамика.Сите овие наоди само ја потврдуваат историската констатација дека денешната територијата на Општина Гази Баба отсекогаш била населена со народи кои тука непрекинато живееле повеќе векови, односно до крајот на железното време и почетокот на антиката. Кое население живеело тука, кон која етничка група припаѓало и каде потоа исчезнало, најверојатно ќе остане тајна.

 

Нешто повеќе се знае за населението кое на просторот на денешната Општина живеело во 6 - 7 век пр.н.е.често пати, уште многу одамна, се поставувало прашањето кои биле жителите и носителите на оваа култура, кон која народносна група припаѓале и што станало со нив. Врз основа на расположливата постара и понова литература, утврденое дека жителите кои го населувале овој простор (се разбира и пошироко) биле Пајонците. Всушност, целата територија на денешната општина Гази Баба и целиот скопски регион била во склопот на Пајонската Држава, која својата најголема моќ ја достигнала во 6 век пр.н.е, кога нејзините граници се простирале до Пелагонија.

 

Во средината на 4 век пр.н.е. настанале крупни политички и територијални промени. Во овој период македонската држава започнала уште повеќе да се шири од југ кон север.

 

Македонскиот крал Филип II (359 - 336 година пр.н.е.) во 358 година пр.н.е. ја освоил целата територија на Пајонците и истата ја вклопил во се поголемото македонско царство.

 

Значи, во ова историско време, односно во почетокот на експанзијата на Македонците, пајонските племиња се уште ја населувале оваа територија. Според Тукудит (грчки историчар 460-околу 396 година пр.н.е.), Пајонците тука живееле и ги држеле областите западно од Пела се до пред доаѓањето на Македонците.Оттогаш Пајонија престанува да постои како држава, односно територијата на денешната општина,а се разбира и пошироко, била вклучена во составот на македонската држава. Така територијата на општина Гази Баба и пошироко од средината на 4 век пр.н.е. дефинитивно е влезен во составот на македонската држава.

 

Друг објект во кој долги векови имало организирано живеење е локалитетот Кула, утврдување-рефугиум од доцно античко време, кој се наоѓа во близина на с. Булачани. Тука се уште можат да се видат ѕидови од камен и варов малтер. Овој објект, кој потекнува од 6-7 век од н.е ја имал функцијата на руднички кастел и се наоѓал на 580 м н.в. Во близината на една од најстарите неолитски населби во Македонија - Тумба Маџари, во римско време постоела уште една населба од стратешко значење за пошироката околина на тогашното Скупи. Името на населбата не го знаеме, но во археологијата овој локалитет е познат како Ограда. Темелите на повеќето објекти и денес се видливи на теренот. Исто така во непосредната близина на Маџари бил пронајден уште еден осамен наод од римско време, кој претставува поголем фрагмент од надгробна плоча со латински натпис. Во фронтонот има релјефна претстава на тракиски коњаник.За пулсирањето на животот на територијата на денешната Општина во доцно античко време сведочи уште една населба која се наоѓа на локалитетот чифлик, на околу 300м јужно од селото Раштак. Тоа кажува која немаме дополнителни историски сознанија - ниту за името на населбата ниту за луѓето што тука живееле.На археолошкиот локалитет Камник, 1970 година била откриена една поголема некропола (гробница) од римско реме. Во некрополата биле откриени 7 гроба, од кои четири со инхумирани и три со кремирани покојници. Уште една гробница од 4 век била откриена на просторот меѓу Гази Баба, Камник, Кумановски Пат и патот што води кон с. Црешево. Овој локалитет познат како Рокомија претставува осамен наод каде биле најдени четири надгробни стели со латински натпис. Во близината на с. Стајковци постоела уште една утврдена населба од римско време, која била подигната на темелите на претходната населба од неолитско време. Затоа и овој локалитет го носи името Тумба - Круша, а се наоѓа помеѓу селата Стајковци и Синѓелиќ. Остатоците од керамички садови и римска керамика само го потврдуваат сознанието дека тука постоело организирано живеење повеќе илјади години, односно се до 6 век од н.е. кога населбата била целосно уништена при навлегувањето на Словените на овој простор.Населено место во римскиот период имало и на археолошкиот локалитет Смиљковце, во денешното село Црешево. Добрата географска положба и можноста за развој на земјоделството, придонеле тука уште од римско време да се формира населба во која живеело многубројно месно население. За тоа сведочат ископините на темели на повеќе објекти градени од камен со варов малтер. Ова била поголема римска населба, во чија близина, на околу стотина метри од православните гробишта, биле лоцирани гробиштата каде се погребувале тогашните жители на населбата. На овој археолошки локалитет, познат како Крши Дол, мештаните од с. Црешево долги години ваделе камени плочи од гробни конструкции и делови од надгробни споменици со латински натпис. На локалитетот Селиште пак во 1961 година бил откриен осамен наод од римско време, кој претставувал жртвеник со латински натпис, посветен на божествата Јупитер нова. Овој осамен наод претставувал дел од тогашните верски обичаи на тогашните жители, кај кои христијанството како религија се уште не продрело. Низ територијата на денешната Општина врвела и една од позначајните патни комуникации за време на римското владеење - патот Скупи - Пауталија. Пред еден век англескиот научник А. Еванс го следел Кумановскиот пат, верувајќи дека ја користи античката траса. Денес овој пат служи во локалниот сообраќај. Патот се движел од Скупи по денешната главна траса во Скопје кон Маџари, а оттука скршнувал на исток до Арачиново и натаму на североисток преку Кумановско Поле накај Куманово. На јужните ограноци на Скопска Црна Гора античкиот пат го надгле-дувала стража кај Брњарци и градот кај Никуштак (Мерион?). Овој дел од патот го надгледувале тврдините кај Пчиња и Орашец. Целиот овој преглед на досега познатите праисториски и антички археолошки наоди покажуваат дека територијата на денешната Општина Гази Баба било многу населена. Но мораме да кажеме дека оваа состојба траела се до 6 век, кога на политичката сцена настанале крупни промени.

audit report

Free access to information

 

  Working hours: 08:00-16:00
   Office Hours - Tuesday and Friday: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  Arhimedova 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree