Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува

ЈАВЕН ПОВИК

 

До доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

 

Се повикуваат доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба, од областа на образованието, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација: • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Гази Баба и доверителот • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Гази Баба : www.gazibaba.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба од областа на образованието, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања бр.______ од ______ година '' ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Гази Баба.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во писарницата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул.„Архимедова“ бр.2, 1000 Скопје.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени впредвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 02/3226-655 - Сектор за финансиски прашања, или на електронската адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Гази Баба во рок од 8 дена ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Гази Баба ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18).

Број 08-5330/1                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

од 22.11.2018 година                                                                 НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,       

Скопје                                                                                             Борис Георгиевски, с.р.

 

    Пријава на јавен повик

 

Quality Policy

audit report

Free access to information

 

  Working hours: 08:00-16:00
   Office Hours - Tuesday and Friday: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  Arhimedova 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree