Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Врз основа на Законот за Здруженија и фондации (службен весник на РМ бр.52/2010),Општина Гази Баба-Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Гази Баба за 2016 година, од програмата ЕЛ, потставка 463110-Трансфери до здруженија и фондации, наменети за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

  1. Видот на проектите кои ќе бидат поддржани

Средствата од Буџетот на Општина Гази Баба ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации.

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се имплементираат во Општина Гази Баба во следните приоритетни области: екологија, култура, образование, спорт, млади и информатичка технологија.

  1. Предвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности во согласност со овој повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2017 година.

  1. Доставување извештај

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата, по завршувањето на своите програмски активности ќе достават извештај за користење на средствата до Секторот за финансии и Секторот за поддршка на градоначалникот и јавни дејности на Општина Гази Баба.

  1. Основни организациски критериуми

 Основни организациски критериуми што треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

  • Да се регистрирани според Законот за Здруженија и фондации
  • Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес
  1. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка
  2. Предлог проект
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата
  4. Извештај за добиените средства од Општина Гази Баба во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација, ако биле корисници.

Напомена: пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Нема да се разгледуваат и пријавите што не содржат Извештај за претходно добиените средства, ако се користеле.

6. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е од 01-31 август 2016 година. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Општина Гази Баба.

Пријавата со целокупната документација да се достави преку пошта, на адреса:

Општина Гази Баба
Ул. Архимедова бр.2  1000 Скопје

Или во архивата на Општината од 08:00 до 16:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на одлуката за распределба на средствата во “Службен Гласник на Општина Гази Баба”.

Називите на здруженијата и фондациите кои добиле средства за проектите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Гази Баба (gazibaba.gov.mk).

Quality Policy

audit report

Free access to information

 

  Working hours: 08:00-16:00
   Office Hours - Tuesday and Friday: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  Arhimedova 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree