Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Јавен повик за учество на форум за стратегија за туризам на ОГБ

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА УЧЕСТВО НА ФОРУМ ЗА СТРАТЕГИЈА ЗА ТУРИЗАМ НА ОГБ

 

Во соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет Гоце Делчев, пристапивме кон подготовка на Стратегија за туризам на ОГБ.

Истата ќе ги мапира сите аспекти за развој на туризмот: транзитен, конгресен и саемски, рурален туризам, угостителството и хотелиерството, спортот и рекреацијата, настани и манифестации, културното и историското наследство, и многу други аспекти на туризмот.

Општина Гази Баба, и досега, но и отсега, како носител на стандардот за бизнис пријателска општина, ги вклучува сите заинтересирани страни во нашата локална економија, како креаторите на истата, така и нејзините конзументи, да учествуваат во овој процес на подготовка на стратегијата.

Во таа насока, ве покануваме да испратите ваш претставник, да учествува во процесот на размена на идеи, искуства и предлози кои ќе помогнат во креирање на стратегија за туризам во функција на сите нејзини заинтересирани страни.

Истата ќе се одржи на 15.06.2015г., среда, со почеток во 10:00h, во големата сала за седници на ОГБ. Во прилог и агендата на работната сесија.

Повеќе информации може да добиете на следниот mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , или на телефонскиот број: 02 322 66 55 – Сектор за локален економски развој и информациско – комуникациски развој.

Ви благодариме на учеството и на придонесот во креирањето на соодветна клима и услови за развој на туризмот во општина Гази Баба.

 

АГЕНДА


07.06.2016

Quality Policy

audit report

Free access to information

 

  Working hours: 08:00-16:00
   Office Hours - Tuesday and Friday: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  Arhimedova 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree