Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Помош во домашни услови на немоќни стари лица на возраст над 60 години кои примаат нега за трето лице

Преку Програмата Општинско – корисна работа општина Гази Баба го реализира проектот „Социјална инклузија и подобрување на квалитетот на живот на маргинализирани групи“

За таа цел ангажирани се 4 невработени лица за грижа на стари лица.

Целта е:

Помош во домашни услови на немоќни стари лица на возраст над 60 години кои примаат нега за трето лице, вклучително набавка на прехрамбени продукти, лекови, помош за комуникација со други служби, помош за плаќање сметки и други потреби,  полесни задачи во домот , придружба до лекар. Дополнително на ова, ќе биде обезбедена психо-социјална поддршка за да се надмине чувството на страв, немоќ, немотивираност, неизвесност, кои чувства особено се зголемени во последниот период како последица на ситуацијата со КОВИД-19 во која старите лица се една од најранливите категории. Едукација за мерки за заштита од КОВИД-19, особено како и каде се користат средства за лична заштита, дезинфекција на домот и создавање безбедна средина за себе и за најблиските. Онаму каде што постојат услови за тоа старите лица ќе бидат подучени како се користи технологија за онлајн комуникација, со што ќе им се овозможи да се намали исклученоста од социјални контакти со семејството и со врсниците (средби преку платформата Zoom, користење социјални медиуми, итн).

Сите заинтересирани стари лица, според прикажаните критериуми може да се јават на:

Контакт лице од општина Гази Баба

Валентина Андовска Мерџановска 072/205 878

Quality Policy

audit report

Free access to information

 

  Working hours: 08:00-16:00
   Office Hours - Tuesday and Friday: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
  Arhimedova 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree