Изградба на крак од фекална канализација во Инџиково
Изградба на крак од фекална канализација во Инџиково
Општина Гази Баба во соработка со ЈП Водовод и канализација и месното население, започна со изградба на крак од фекална канализација на улицата 21 во н.м. Инџиково. Вкупната должина на трасата изнесува 440 m, со профил Ф250 mm.
Со оваа канализација ќе се реши проблемот на одведување на отпадните води на околу 30 семејства, со што населеното место Инџиково, ќе биде речиси во целост покриено со фекална канализациона мрежа.
Работите ги изведуваат, фирмата Адра од Скопје и ЈП Водовод и Канализација, а вкупната вредност на работите изнесува 1.400.000,00 денари.
22.04.2013 |