Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

×

Грешка

[sigplus] Critical error: Image gallery folder foto/2013/201311/20131103/gallery_kanalizacija is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Почеток на изградба на фекална канализација Јурумлери

[sigplus] Critical error: Image gallery folder foto/2013/201311/20131103/gallery_kanalizacija is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.

Почеток на изградба на фекална канализација Јурумлери


 

 

Во населеното место Јурумлери, започна изградбата на фекална канализација за повеќе населени места.

 

На настанот присуствуваа градоначалниците на општина Гази Баба и на град Скопје, Тони Трајковски и Коце Трајановски, претседателот на Советот, Милан Андоновски, членови на Советот на општината и голем бој на жители од месните и урбаните заедници од општината.

 

Во првата фаза од изградбата на фекалната канализација, опфатени се населените места Трубарево, Гоце Делчев и Јурумлери, а во втората фаза ќе бидат опфатени Ергеле, Идризово и Дрма. Во моментов се работи во Јурумлери и Трубарево. Вкупната должина на примарната мрежа која е планирана да се изгради во првата фаза, изнесува околу 10 км со финансиска конструкција од 50 милиони денари, од кои 19 милиони денари ќе бидат поддршка од градот Скопје, 2 милиони денари од Владата на РМ, а останатите ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба.

 

Со овој проект се опфаќаат околу 12000 жители од Општината, а со завршувањето и на втората фаза, ќе бидат опфатени околу 15000 жители.

Овој голем проект планирано е да се работи до 2015 година, поради големата должина, односно целокупната мрежа заедно со секундарната изнесува околу 36 км.

 

Градоначалникот Тони Трајковски изрази голема благодарност до Владата на Република Македонија и до градот Скопје и градоначалникот Коце Трајановски за големата поддршка при реализација на овој капитален проект, кој е од голема важност за жителите од овие населени места.

 

Градоначалникот Коце Трајановски истакна дека овој капитален проект е од големо значение за граѓаните од овие населени места од Општина Гази Баба, со оглед на тоа дека повеќе нема да има септички јами, кои од многу аспекти не се погодни за жителите, и од еколошки и од здравствен аспект.

 


03.11.2013

{gallery}foto/2013/201311/20131103/gallery_kanalizacija{/gallery}

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree