Поделени дрва за огрев на семејства од висок социјален ризик
Поделени дрва за огрев на семејства од висок социјален ризик
Општина Гази Баба како и минатите години ја реализираше акцијата за поделба на огревно дрво на семејства корисници на постојана и социјална парична помош евидентирани во Одделението за остварување на правата од детска и социјална заштита на Гази Баба при ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи на Град Скопје.
Оваа година беа поделени вкупно 82 метри буково огревно дрво и беа транспортирани до домовите на семејствата кои јавно ја искажаа благодарноста кон општината и Градоначалникот Тони Трајковски за покажаната хуманост и грижа за оваа категорија семејства.
11.12.2013 |