Започна изградба на атмосферска канализација на улица Перо Наков и улица 840БИС
[sigplus] Critical error: Image gallery folder foto/2013/201302/20130219/gallery_atmosferska_kanalizacija is expected to be a path relative to the image base folder specified in the back-end.
Започна изградба на атмосферска канализација на улица Перо Наков и улица 840БИС
Градоначалникот на oпштина Гази Баба, Тони Трајковски, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и советници во Советот на Градот и на Општината, присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на атмосферската канализација на улица Перо Наков и улица 840БИС.
Кога има обилни дождови водите се собираат на улицата и отежнато се одвива сообраќајот. На овој потег ќе се изградат тротоари по коишто граѓаните коишто живеат во околината или пак пазарат во околните продавници ќе можат безбедно да се движат.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, истакна дека ова е едно од најфреквентните места во општината, а со изградбата на атмосферска канализација и тротоари ќе се реши еден долгогодишен проблем и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Во рамките на проектот ќе се изврши реконструкцијата на ул. 840БИС, крак 1, со должина од 130 метри, ќе се изградат тротоари со широчина од 1,8 метри и атмосферска канализација со коловозни сливници и ревизиона шахта.
Во текот на градежните работи ќе се изврши целосна замена на оштетениот слој на асфалтот и ќе се вгради 490 кубни метри тампон со дебелина од 30 см. Врз тампонот ќе се нанесе асфалт БНС-22 во два слоја и завршен слој од 6 см од асфалтна маса АБ-16. На целиот потег ќе се изградат и пешачки патеки широки 1,8 метри што ќе им овозможат безбедно движење на пешаците.
Вкупната вредност на проектот е 2.841.098,00 денари а рокот за изведба е 6 месеци.
19.02.2013 |
{gallery}foto/2013/201302/20130219/gallery_atmosferska_kanalizacija{/gallery}
Air Jordan 1 Low Emerald Rise/White-Black For Sale