Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

ОУ Крсте Мисирков го одбележа Ден на дрвото - есен 2014

ОУ Крсте Мисирков го одбележа „Ден на дрвото - есен 2014“


 

Учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ и оваа година земаа активно учество во акцијата за одбележување на „Ден на дрвото- есен 2014“ преку Министерството за образование и наука, како активен поддржувач и посредник во спроведувањето на истата.

 

За развивање на свеста и едукација кај учениците од I до IX одделение беа организирани едукативни работилници и активности на тема "Ден на дрвото- есен 2014" од страна на наставниците.

 

Учениците од одделенска настава зедоа активност во спроведување на активности во рамките на овој проект. Имено, учениците од прво одделение изработуваа и презентираа ликовни творби и еколошки пораки. Oд второ одделение спроведоа активности за еколошко уредување на училниците. Учениците пак од трето одделение работеа на изработка на ликовни цртежи согласно дневните активности, а оние од четврто одделение изготвуваа ѕидни изработки, плакати и истите ги поставија во училниците. Учениците од петто одделение работеа врз изработката на литературни творби, по што истите ги читаа пред другите ученици.

 

Учениците од предметна настава работеа по тимови, односно секции како што се еколошката, литературната, ликовната и географската секција во чии групи и подрачја сите ученици земаа активно учество преку творење, цртање и истражување во склоп на истите соодветно „Ден на дрвото-есен 2014“.

 

И учениците од подрачното училиште во с.Брњарци земаа учество во акцијата ,,Ден на дрвото-есен 2014” уредувајќи катче со цртежи ,пораки и творби како и чистење на училишниот двор и засадување на дрвца и садници.

 


04.12.2014

 

 

 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree