По 14-ти пат се организираше акцијата Денот на дрвото
По 14-ти пат се организираше акцијата Денот на дрвото
Општина Гази Баба и оваа година активно се вклучи во традиционалната акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“, која оваа година се одвиваше под мотото „Стоп за катастрофите“, засадувајќи дрвца за поубава и поздрава иднина на Македонија.
Градоначалникот Тони Трајковски со општинската администрација, студенти и професори од Полициската Академија, ученици и наставници од ОУ „Кирил и Методиј“ од с.Стајковци и с.Страчинци и жители од Гази Баба, засадија дрвца на локацијата помеѓу с.Виниче и с.Страчинци, каде е планирано да се направи убав парк.
За акцијата општина Гази Баба обезбеди околу 3200 садници кои беа поделени и засадени во основните училишта, градинки и институции од подрачјето на општината.
Низ територијата на Република Македонија во рамките на оваа акција ќе бидат засадени околу 5 милиони дрвца на површина од околу 1.100 хектари.
За Денот на дрвото и оваа година се вклучи фирмата АрчелорМитал, кои во кругот на фабриката заедно градоначалникот, директорот и вработените засадија дрвца, со што разубавија дел од просторот околу фабриката. Оваа година акцент на садењето на дрвцата беше ставен на урбаните средини, поточно најголем број на садници беа посадени долж булеварите.
Долж булеварот „Киро Глигоров“ дрвца засадија градоначалникот Тони Трајковски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, директорот и вработените во ЈП Македонски шуми, учениците и професорите од средното училиште „Панче Арсовски“.
03.12.2014 |
Air Max