Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Градоначалникот во посета на тековните работи од втората фаза на атмосферска канализација во н. Триангла

Градоначалникот во посета на тековните работи од втората фаза на атмосферска канализација во н. Триангла


 

Во н. Триангла, градоначалникот Тони Трајковски направи посета на активностите кои се реализираат во моментот, се работи на изградба на атмосферска канализација, еден од поголемите проблеми со кои се соочуваат жителите од оваа населба.

 

Населбата има околу 6000 домаќинства кои имат проблем со атмосферската вода особено кога има поројни дождови, водата се собира на одредени места и прави проблем со излевање и поплавување на дел од дворовите и објектите на граѓаните. Со изведбата на оваа атмосферска канализација ќе се реши овој проблем. Во оваа фаза е планирано е во должина од 850 метри да се изгради примарната мрежа со поставување на сливници на улиците „Петре Филиповски Гарката“ и „Карл Хрон“. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 6 милиони денари.

 

Во следниот период е планирана и изградба на останатите краци кои што се потенцирани од страна на граѓаните и Урбаната заедница на н.Триангла, како проблематични, во кои се собира одредена количина на атмосферска вода. На овој начин проблемот би требало целосно да биде решен.

 

Атмосферската вода која досега беше насочена од олуците и од дворовите кон фекалната канализација, и која правеше проблем за функционирање на истата, сега ќе се реши со изградбата на оваа атмосферска канализација и ќе може водата да се собира во овој колектор и да се насочи во каналската мрежа. Во тој случај двете канализации би функционирале без проблем.

 


13.02.2015

 

 

 

Chaussures Homme J.M. Weston

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree