Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Изградба на фекална канализација во Црешево

Изградба на фекална канализација во Црешево


 

Општина Гази Баба во соработка со градот Скопје, започнаа со изградба на фекален примарен колектор за населеното место Црешево, во должина од 1400 м, со прoфил на цевки 250 мм.

 

Вкупната инвестиција ќе изнеcува 7.000.000,00 ден. од кои 4.000.000,00 ден се обезбедени од општина Гази Баба, а 3.000.000,00 ден. од градот Скопје.

 

Рокот на изградба на колекторот ќе изнесува околу 3 месеци.

 

На настанот присуствуваа градоначалниците Тони Трајковски и Коце Трајановски, како и жители од Црешево.

 

Втората фаза од овој проект ќе биде изградба на прочистителна станица, која ќе ги прочистува отпадните води и ќе ги води до каналската мрежа.

 

Со овој капитален проект ќе се подобрат условите за живот на жителите од н.м. Црешево, а воедно ќе се придонесе и од аспект на заштита на животната средина, бидејќи повеќе нема да се користат септичките јами, изјави градоначалникот Тони Трајковски

 

Ова е значаен проект од аспект на заштита на животната средина, а воедно и ќе се реши делот со фекалната канализација во Црешево, за која со финансиски средства помага и градот Скопје, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

 


05.06.2015

 

 

 

Nike Air Force 1 07 Premium Just Do It White AR7719-100 Shoes for Sale – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree