Мрежа на Младински банки на локално ниво во Македонија
Во просториите на Центарот за млади и НВО во општина Гази Баба се одржа првата средба на основачите на моделот на Младински банки во Македонија.Оваа инијатива која е финансиски поддршана преку проектот ЦЕП на УСАИД предвидува во текот на следните две години 5 организации ( Порака Нова Струга ,Младински совет Прилеп, Цефе Битола, Младински сојуз Крушево и Младиинфо Скопје ) од општините Гази Баба-Скопје,Битола,Прилеп,Крушево и Струга во соработка со локалните власти да инциираат формирање на посебни фондови за поддршка на младински иницијативи на локално ниво. Во рамки на овој проект во текот на 2018та година ќе се одржат низа средби со локалните власти, бизнис заедницата и невладиниот сектор како и млади лица на територијата на Општина Гази Баба, се со цел подобро запознавање и нивно инволвирање во креирањето на овој младински фонд.
26.12.2017