Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Пролетни активности во ОУ „Вера Јоциќ“

Пролетни активности во ОУ „Вера Јоциќ“


 

Во ОУ „Вера Јоциќ“ во општина Гази Баба, по повод 21 март- Ден на пролетта и екологијата, спроведоа еколошка акција со садење на цвеќиња и зеленило во училишниот двор и поставија штандови на кои ги продаваа своите рачни изработки.

 

Во оваа активност беа вклучени учениците од седмо и осмо одделение, кои по повод акцијата „Купете роза, за да купиме рози“ поставија штанд на кои беа изложени и продавани рачни изработки од материјали за рециклирање: хартија, пластика и слично, а парите кои се собрани, ќе бидат искористени за купување на нови садиници од бели рози.

Исто така еко тимот и останатите ученици спроведоа акција на чистење и уредување на училишниот двор со 25 садници на бели рози донирани од ПАКО МАК и изработка на мини паркче со засадување на различни видови на цвеќиња,во кои учествува и наставниците и техничкиот персонал.


21.03.2013

Политика на квалитет

 

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree