Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски: Oпштина Гази Баба е единствена општина која има отворено 2 канцеларии за превенција

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска беше дел од презентацијата на анкета на ОБСЕ по повод Денот на превенција, 9 декември.

Пораката која ја испратија шефот на мисијата на ОБСЕ, министерот за внатрешни работи, градоначалниците од скопските општини, припадниците на полицијата, експертите е дека сите заеднички треба да придонесуваат за безбедноста во општеството. Клучни алатки да бидат локалните совети за превенција кои ќе придонесат за справување со радикализам, насилен екстремизам и тероризам.

Георгиевски пред присутните посочи дека општина Гази Баба е единствената општина која на своја територија отвори 2 канцеларии за превенција каде полицијата е присутна и патролно и физички.

-Со тоа граѓаните имаат директен контакт со полицијата, можност да ги пријават своите проблеми, да добијат совет и да се чувствуваат побезбедно во местата каде што живеат. Целта е да ја зголемиме безбедноста на жителите, довербата во полицијата. Покрај ова, мора да посочам дека сум задоволен од работата на локалниот совет за превенција на Гази Бабапосочи Георгиевски.

Покрај ова, Георгиевски посочи дека во оваа насока општина Гази Баба и ЦИВИЛ потпишаа меморандум за соработка за едукација и превенција на населението од радикализација на насилен екстремизам.   


 07.12.2018 

Општина Гази Баба и ЦИВИЛ во заеднички проект за превенција на насилниот екстремизам и негова радикализација

 

Општина Гази Баба потпиша меморандум за соработка со граѓанската организација ЦИВИЛ во насока на соработка за едукација и превенција на населението од радикализација на насилен екстремизам.

Со овој меморандум двете страни ќе соработуваат во насока на лоцирање и навремено превенирање на сите појави кои би довеле до евентуална радикализација и насилен екстремизам.

Градоначалникот Георгиевски на потпишувањето на меморандумот посочи дека општина Гази Баба вложува многу во делот на превенција.

„Општина Гази Баба заедно со МВР и ОБСЕ вложува голема енергија во насока на поголема превенција. Отворените две канцеларии за превенција во Стајковци и Синѓелиќ даваат добри резултати. Во таа насока заедно со ЦИВИЛ сега го започнуваме и овој проект за лоцирање на можните причини, но и навремено превенирање на редикализација и екстремизам, како и едукација на населението.“ – истакна градоначалникот Георгиевски во своето обраќање.

Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека овој меморандум со општина Гази Баба нема да остане само на хартија, туку ќе е целосно имплементиран, за што е голем оптимист.

„Општина Гази Баба е отворена за соработка и тоа ми дава надеж дека овој меморандум ќе живее и ќе го даде својот краен ефект. Благодарни сме што во така краток период од општината добивме максимална поддршка за овој проект. Само заедницата која вложува многу во превенција на безбедноста е добара и успешна заедница.“ – посочи претседателот на ЦИВИЛ Дерала.


 

05.12.2018 

Општина Гази Баба во втора акција, запалени 1 тон и 50 килограми отпадни гуми

 

Општина Гази Баба продолжува со мерки за зачувување на животната средина. Вчера општинските инспектори за животна средина запленија 1 тон и 50 кг отпадни гуми во ромското маало на ул. Методија Андонов Ченто, пред бензинската пумпа на Макоил.

Ова е втора акција каде се запленуваат отпадни гуми, претходно општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР заеднички учествуваа во акција на дивата депонија во Вардариште каде беа запленети 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓаа во дворовите на граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.

Вакви акции на инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период кои континуирано ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата.

И понатаму останува апелот, сите граѓани да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини на бројот 193 за да можат институциите навремено да интервенираат.


05.12.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree