Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 

Општина Гази Баба во партнерство со Занаетчиска Комора Скопје, а врз основа на Програмата за Локален Економски Развој на ОГБ за 2015 („Службен гласник на ОГБ“ бр. 14/ 2014) Општина Гази Баба – Скопје објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Гази Баба за 2015 година за финансиска поддршка на 5 (пет) занaeтчии (регистрирани во регистарот на Занаетчиска комора Скопје) и вршители на занаетчиска дејност (ТП, ДОО, ДООЕЛ) кои се запишани во евиденцијата на вршители на занаетчиска дејност.

 

1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

  • • Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка на пет занаетчиски фирми од Буџетот на ОГБ, од програмата за поддршка на локален економски развој.
  • • На доделевањето на финансиската подршка ќе претходи процес на обука од два дена од Занаетчиската Комора Скопје за законските обврски на занаетчиите, даночна регулатива и обука за маркетинг во просториите на Занаетчиска Комора Скопје.

Финансирањето на проекти од областа на занаетчиството се очекува да придонесе кон следните цели:

  • • Набавка на опрема и алат,
  • • Уредување и подобрување на деловниот простор
  • • Изработка на веб странаилипромотивен материјал
  • • дизајн на производ
  • • субвенционирање на нови вработување
  • • Стекнување на основни познавања за започнување, водење, одржување и развој на занаетчиството.
  • • Отворање на нови работни места кои ќе дадат поттик на понатамошни потенцијалии можности за вработување и самовработување.

 

2. ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

• Право на аплицирање за користење на финансиски средства од Буџетот на ОГБ имаат сите занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои имаат деловно седиште на територијата на Општина Гази Баба.

• занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност кои започнале со работење најмалку еден месец пред објавување на јавниот повик (регистрација/упис во регистарот на занаетчиска комора Скопје)

 

3. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

a. Да се регистрирани како занаетчии или како вршители на занаетчиска дејност во Занаетчиска Комора Скопје. во регистарот на занаетчии или регистарот на вршители на занаетчиска дејност согласно Законот за вршење на занаетчиска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 55/07, 115/10, 36/11, 53/11, 164/13, 129/15)

 

4. ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОБИЕНИТЕ СРЕДСТВА

  • a. Сите избрани занаетчи, по имплементација на своите активности со финансиските средства добиени од општина Гази Баба, се должни да поднесат детален извештај до Секторот на Локален економски развој и Информациско Комуникациск Развој на ОГБ, до крајот на месец Јуни 2016 година.

 

5. КОМИСИЈА ЗА ИЗБОР НА ПЕТ ЗАНАЕТЧИСКИ ФИРМИ

  • a. Изборот на занаетчиските фирми ќе го спроведе Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Гази Баба, а составена од:
    • 1. Еден член од Секторот за локален Економски Развој на ОГБ
    • 2. Еден член од Советот на ОГБ
    • 3. Еден член од Занаетчиска Комора на град Скопје.

 

6. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

  • - пополнет образец – барање
  • - решение за упис во Регистар на занаетчии или потврда /одобрение од Евиденција на вршители на занаетчиска дејност

 

7. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Образецот – Барање за користење на средствата може да се подигне од веб страната на Општина Гази Баба, односно на линкот http://www.gazibaba.gov.mk/ во сегментот фокус или директно во Општина Гази Баба во Инфо Центарот на општината.

 

8. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Пополнетите барања за користење на средства од Општина Гази Баба, предвидени од програмата за ЛЕР за 2015г. за Финансиска поддршка на пет занаетчиски фирмисоорганизирање на обуки, заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен плик со назнака на предната страна на пликот “НЕ ОТВОРАЈ “, за Јавен повик бр.1/2015.

Барањето може да се достави по препорачана пошта на подолу наведената адреса или лично на едношалтерскиот систем на Општина Гази Баба, во спротивно Општина Гази Баба не презема одговорност за губење или предвремено отворање на документацијата.

Краен рок за доставување на барањата е 23.12.2015 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации во врска со овој Повик може да се добијат на наведената адреса во текот на секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.

 

Општина Гази Баба, ул. Архимедова, бр.2 Скопје
Телефон: 02 3226 655,
Факс: 02 3215 112
Лице за контакт :
Сашо Трајков, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Кирил Ѓуровски, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree