Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек


Согласно воспоставениот дијалог со деловната заедница во ОГБ и заклучоците на Бизнис Клубот на ОГБ од состанокот бр. 5 на 14.10.2016 година, (Состанок 5 на Бизнис клуб на ОГБ), објавуваме

ЈАВЕН ПОВИК

За доставување на иницијативи од деловните субјекти во ОГБ за годишните програми на ОГБ за 2017 година

 

1. Предметнајавниотповиксе иницијативите на деловните субјекти за некоја од следните програми на ОГБ:

  • a. ПРОГРАМА за локален економски развој на ОГБ за 2017 година
  • b. ПРОГРАМА за урбано планирање "Ф" на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • c. ПРОГРАМА за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на локалните улици и патишта, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • d. ПРОГРАМА за комунални дејности (Ј) на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година (паркови, зелени површини, урбана опрема, детски и спортски игралишта)
  • e. ПРОГРАМА за улично осветлување на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • f. ПРОГРАМА за култура и културни манифестации на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • g. ПРОГРАМА за протоколарни активности и востановени традиционални активности, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • h. ПРОГРАМА за проекти од здруженија на граѓани и фондации, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • i. ПРОГРАМА за спорт на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • j. ПРОГРАМА за училишен спорт на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • k. ПРОГРАМА за тековно одржување на училиштата, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • l. ПРОГРАМА за заштита на животната средина и природата, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • m. ПРОГРАМА за здравство, социјална заштита и заштита на децата, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • n. ПРОГРАМА за одржување на предучилишни установи, на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година
  • o. ПРОГРАМА за заштита и спасување на подрачјето на Општина Гази Баба за 2017 година

 

2. Компаниите може да достават иницијативи и за некои аспекти кои се надлежност на градот Скопје или Владата на Република Македонија

 

3. Компаниите своите иницијативи може да ги реализираат на еден од следните начини:

  • a. Со заедничко финансиско учество на општината Гази Баба, градот Скопје, Владата и еден или повеќе деловни субјекти
  • b. Со финансиско учество само на деловниот субјект или повеќе деловни субјекти
  • c. Со финансиска подршка на буџетите на општина Гази Баба, градот Скопје или Владата на Република Македонија

4. Право на учество на јавниот повик имаатсите деловни субјекти со регистрирано седиште или со функционално – оперативни сегменти на територијата на општина Гази Баба.

 

5. Потребна документација за пријавување

Образецот „Барање – ИДСза 2017“ подносителите може да го симните од веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk

 

6. Иницијативите на компаниите посебно треба да обрнат внимание на следните аспекти:

  • 1. Да имаат значење за сите деловни субјекти
  • 2. Да ја промовираат општествената одговорност на компаниите кон заедницата

 

7. Услови

  • • Иницијативите на деловните субјекти за 2017 година ќе бидат разгледани од носителите на наведените програми, Градоначалникот и Советот на Општина Гази Баба, и согласно стратешките приоритети, нивната економска одржливост и финасиските можности истите ќе бидат земени во предвид..
  • • Иницијативите на деловните субјекти кои се во надлежност на градот Скопје и Владата на Република Македонија, а се однесуваат на територијата на општина Гази Баба, ќе се достават до наведените институции со барање за нивно вклучување во програмите за 2017 година, а согласно стратешките приоритети, нивната економска одржливост и финасиските можности на наведените институции.

 

8. Рок и начин на доставување на иницијативите

 

Јавниот повик и образецот„Барање – ИДС за 2017“ќе биде објавен на веб страницата на Општина Гази Баба во сегментите Најава, Огласна Табла и Јавни Повици.
Пријавата со бараната документација да се достави на mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.21000 Скопје, најдоцна до 16Ноември, 2016 година.

 

Подетални информации, заинтересираните компании можат да добијат на тел.:02/ 3226655 Сектор за ЛЕР и ИКР, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .


Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree