Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

 

Барање ЕЕ 2017

Јавен Повик за финансиска подршка на кровови, лифтови и фасади

Правилник за финансиска поддршка на кровови лифтови и фасади

 


 

Согласно Програмата за Локален Економски Развој за 2017 година, („Службен гласник на Општина Гази Баба" бр. 17/2016), Општина Гази Баба објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка на кровни конструкции, лифтови и фасади на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба

1. Предмет на јавниот повик:

  • Користење на финансиските средства утврдени во Буџетот на Општина Гази Баба, со намена за надоместување на дел од трошоците направени при реконструкција на кровови, лифтови и фасади на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба.
  • Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Општина Гази Баба, програма за локален економски развој, во износ од 3.000.000 денари.
  • Финансиските средства, ќе се користат за делумен надомест на средствата на заедниците на сопственици на посебни делови и управителите на станбените згради искористени за реконструкција на кровови, лифтови и фасади на станбените згради, во износ од 30% од вредноста на изведбата, но не повеќe од 300.000 денари.

2. Право на учество на јавниот повик имаат:

  • Заедниците на сопственици на посебни делови односно управителите на станбените згради на подрачјето на Општина Гази Баба, кои ги исполнуваат условите и ја доставиле потребната документација.

3. Потребна документација за пријавување:

  • Образец „Барање – ЕЕ 2017“
  • Одлука за реконструкција на кров, лифт или фасада потпишана од мнозинството сопственици на посебни делови на станбената зграда
  • Понуда од економски оператор
  • Доказ дека се обезбедени 70% од планираните средства за бараната инвестиција
  • Копија од жиро сметката на заедницата на сопственици односно копија од жиро сметката што ја отворил управителот за потребите на станбената зграда
  • Договор за управувачки услуги (доколку работите на управување со станбената зграда се доверени на управител) и
  • Изјава заверена на нотар од подносителот на барањето (претседателот на заедницата на сопственици на посебни делови односно управителот на станбената зграда) дека нема добиено финансиски средства за реконструкција на кров, лифт или фасада од било кој друг извор во Република Македонија

4. Критериуми и услови за учество:

  • Барањето за надоместување на дел од трошоците направени при реконструкција на кровови, лифтови и фасади на станбените згради, заедниците на сопственици и управителите на станбените згради го поднесуваат заедно со потребната документација, во затворен плик преку Архивата на Општина Гази Баба до комисијата за спроведување на постапката.
  • Архивата на Општина Гази Баба примените барања ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата согласно критeриум: прв дојден, прв услужен.
  • Секоја заедница на сопственици на посебни делови односно управител на станбена зграда има право да поднесе само едно барање за финансиска поддршка за реконструкција на кров, лифт или фасада за конкрентната станбена зграда во тековната година.

5. Комисија :

  • За утврдување на исполнувањето на условите за доделување на финансиските средства, Градоначалникот на Општина Гази Баба формира Комисија (од 5 члена).
  • Комисијата е составена од претседател и 4 члена од редот на вработените во администрацијата на Општината.
  • Комисијата има право и должност да ги провери податоците во барањето, да изврши увид во соодветноста на документацијата и доколку е потребно да се консултира со стручни лица или овластени лица да направат увид на лице место, како и да бара друга дополнителна документација и до Градоначалникот да достави предлог за доделување на финансиските средства.
  • Врз основа на доставената документација и спроведената постапка, Комисијата го утврдува исполнувањето на критериумите и доставува предлог до Градоначалникот на Општина Гази Баба за усвојување или неусвојување на барањето за добивање на финансиски средства.
  • Градоначалникот на Општина Гази Баба врз основа на предлогот носи решение доколку барањето се усвојува, а во случај на неусвојување на барањето, подносителот писмено се известува за неусвојувањето.
  • Подносителот на барањето е должен во рок од 30 дена од приемот на решението со кое се усвојува барањето, да склучи договор со економскиот оператор и за тоа да ја извести комисијата.
  • Доколку подносителот на барањето не постапи согласно горенаведеното, решението ќе се поништи.
  • Општина Гази Баба, финансиските средства ќе ги исплати веднаш по исполнување на преостанатата парична обврска што ја има подносителот на барањето кон економскиот оператор за конкретната инвестиција.

6. Рок и начин на доставување на пријавите:

  • Јавниот повик ќе трае до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба, а најдоцна до 30.09.2017 година.
  • Огласот и Обрасците „Барање –ЕЕ 2017“ за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ги подигнат од архивата или веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.
  • Пријавата со бараната документација да се достави или преку пошта или лично во Архивата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот), на ул. „Архимедова“, бр.2, 1000 Скопје.

Подетални информации, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 070/339-376 Дарко Стојковски – инспектор за домување, или на електронската пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

7. Напомена:

Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree