Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Јавна презентација и јавна анкета по Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба - Скопје

Јавна презентација и јавна анкета по Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба - Скопје

        Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба - Скопје ќе биде изложен во просториите на Урбаната заедница ″Автокоманда″, oпштина Гази Баба - Скопје во рок од десет (10) работни дена од 06.12.2018 до 19.12.2018 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.

        Јавната презентација на Измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ЦС 09, општина Гази Баба - Скопје ќе се одржи на ден 10.12.2018 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на oпштина Гази Баба - Скопје, барака 8 - голема сала.

Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Урбаната  заедница "Автокоманда" , oпштина Гази Баба-Скопје.

Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма

 

Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=926

Јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско-урбанистички проект за КП 421/1, КО Јурумлери, со намена домување во станбени куќи А1, по Општ акт за с. Јурумлери – општина Гази Баба - Скопје

Јавна презентација и јавна анкета по Архитектонско-урбанистички проект за КП 421/1, КО Јурумлери, со намена домување во станбени куќи А1, по Општ акт за с. Јурумлери – општина Гази Баба - Скопје

 

Архитектонско-урбанистички проект за КП 421/1, КО Јурумлери, со намена домување во станбени куќи А1, по Општ акт за с. Јурумлери – општина Гази Баба - Скопје ќе биде изложен во просториите на Месната   заедница ″Колонија″, oпштина Гази Баба - Скопје во рок од пет (5) работни дена од 06.12.2018 до 12.12.2018 година, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот.
Јавната презентација  на Архитектонско-урбанистички проект за КП 421/1, КО Јурумлери, со намена домување во станбени куќи А1, по Општ акт за с. Јурумлери – општина Гази Баба ќе се одржи на ден 06.12.2018 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на Месната заедница "Колонија", oпштина Гази Баба - Скопје.

Aнкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во просториите на Месната  заедница "Колонија", oпштина Гази Баба-Скопје.

Во определениот рок заинтересираните правни лица, физички лица, државната управа, научните и стручните организации можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Линк :
https://www.e-urbanizam.mk/komentari-oglasi.nspx?announcementId=927

ЈАВЕН ПОВИК

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18), Градоначалникот на Општина Гази Баба објавува

ЈАВЕН ПОВИК

 

До доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба, од областа на образованието, детската и социјалната заштита, за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

 

Се повикуваат доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба, од областа на образованието, детската и социјалната заштита да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација: • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Гази Баба и доверителот • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Гази Баба : www.gazibaba.gov.mk .

1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Гази Баба и доверителите на единките корисници основани од Општина Гази Баба од областа на образованието, детската и социјалната заштита за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања бр.______ од ______ година '' ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Гази Баба.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во писарницата на Општината Гази Баба (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул.„Архимедова“ бр.2, 1000 Скопје.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени впредвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 02/3226-655 - Сектор за финансиски прашања, или на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Гази Баба во рок од 8 дена ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Гази Баба ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (''Службен весник на РМ'' бр.209/18).

Број 08-5330/1                                                                              ГРАДОНАЧАЛНИК

од 22.11.2018 година                                                                 НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА,       

Скопје                                                                                             Борис Георгиевски, с.р.

 

    Пријава на јавен повик

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree