Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Соопштение за јавност

 

Со цел да се изврши авансната исплата на паричната помош на лицата од подрачјата зафатени со поплавите кои се случија на 06.08.2016 година, Министерството за финансии ги повикува лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок.

Исплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација (лична карта, патна исправа).

За таа цел, евидентираните лица од приложените списоци доставени од страна на Комисијата за вршење проценка на оштетувања на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силното невреме и поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион, треба да го пријават изборот на деловна банка на следните контакт телефони:

 

02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742

 

- сабота 20.08.2016 од 09:00 до 17:30 часот

- недела 21.08.2016 од 09:00 до 17:30 часот

- понеделник 22.08.2016 од 8:30 до 19:00 часот

 


20.08.2016

 

 

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree