Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Чистење на каналската мрежа низ Гази Баба

Чистење на каналската мрежа низ Гази Баба


 

Општина Гази Баба од 2010 година помага на индивидуалните физички лица - водокорисници со превземање на обврските за плаќање на воден надомест за одводнување, на ЈП Водостопанство „Скопско Поле“. Надоместокот се кориси за редовно и навремено чистење на каналската мрежа на подрачјето на општина Гази Баба, од страна на Водостопанство „Скопско Поле“, со цел спречување на евентуални поплави на земјоделското земјиште и други површини на подрачјето на општината.

 

Според годишната програма на Водостопанство „Скопско Поле“ за одржување на каналската мрежа за одводнување на територијата на општина Гази Баба, предвидено е да се исчистат 13.800 м, од кои во изминатиот период се исчистени околу 11 км.

 

Исчистени се:

  • Инџиковски канал, во должина од 1500 м

  • Идризовски канал, во должина од 500 м

  • Речно корито во н.м. Црешево, во должина од 250 м

  • Канал во н.м. Трубарево со пропуст под мост, во должина од 100 м

  • Главен канал Горна зона ЗЗ Сингелиѓ, во должина од 2500 м

  • Ободен канал, во должина од 1000 м (рачно и машински)

  • Инџиковски канал, во должина од 1600 м (рачно и машински)

  • Канал Ченто, во должина од 1800 м

  • Главен канал кај н.м. Дрма, во должина од 2500 м

  • Сисавци на главен канал во ЗЗ Сингелиѓ, во должина од 750 м

  • Извршено е тампонирање на пристапен пат до ниви во н.м. Јурумлери, во должина од 250 м

До крајот на годината според планот треба да се исчистат останатите канали, предвидени во Програмата.

 


07.11.2012

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree