10-ти карате турнир „Гази Баба Опен 2016“

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски во спортската сала Методија Андонов Ченто во н.Маџари, го означија почетокот на интернационалниот карате турнир „Гази Баба Опен 2016“.
На турнирот кој се одржува по јубилеен 10-ти пат настапија околу 600 натпреварувачи од 57 клубови во сите категории, од 6 до 16 години од Македонија, Албанија, Словенија, Србија, Косово, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија и Бугарија, во организација на карате клубот "Тигар" од Скопје.
За најуспешен клуб беше прогласен Никон од Бугарија а за најдобар натпреварувач во кати беше Кирјана Камческа од КК Ронин од Прилеп. За најатрактивен борец на турнирот беше прогласен Матеј Белистојаноски од КК Спорт 94 од Прилеп. Пехар за најдобар судија доби Дејан Милошевски.
Демонстрација на ката пред присутните гости направи женскиот ката тим на Ронин од Прилеп кои се Светски вице шампионки од последното светско првенство одржано во Индонезија.
И оваа година меѓународниот карате турнирот „Гази Баба Опен 2016“ е финансиски поддржан од страна на општина Гази Баба.
04.04.2016 |
Nike