Активности за расчистување
Активностите за расчистување на поплавените подрачја секојдневно течат со забрзано темпо. На работните состаноци кои се одржуваат секој ден, се прави координација на работните задачи и веднаш потоа се делува на терен. Градоначалникот Тони Трајковски од раните утрински часови до доцна навечер е на терен на поплавените локации и ги координира активностите. Тој денес беше на поплавените локации во: Економија, Виниче, Смилковци, Страчинци, Црешево, Инџиково каде вршеше увид во работите кои се одвиваат за расчистување на патиштата и домовите, ги координираше тимовите за чистење и работеше заедно со вредните доброволци со цел да се помогне на оштетените граѓани. 12.08.2016 |