Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Асфалтирање на улица во Сингелиќ

 

По должина на каналот во Сингелиќ, Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ започнаа со асфалтирање на улица, како дел од големата акција за асфалтирање на поголем број улици и краци во Синѓелиќ и во другите поплавени подрачја.

Улицата што се наоѓа по должината на каналот во Синѓелиќ се асфалтира во должина од 450 метри со широчина од 4 метри. Вкупно ќе биде асфалтирана површина од 1.800 квадратни метри.

Со тоа, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот за сите учесници и ќе се придонесе што побргу да се нормализира животот во Синѓелиќ, по елементарната непогода.

Оваа улица е прва во низата улици што ќе ги асфалтира и обнови ЈП „Улици и патишта“, а кои што беа оштетени во поплавата од 6 август.

Финансиските средства за асфалтирање на овие улици ги обезбеди Град Скопје, со Одлуката што ја донесе Советот на Град Скопје, а со која за помош на поплавените подрачја се одвоени 150 милиони денари.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ на асфалтирање на улиците и нивните краци што беа оштетени во поплавата ќе работат во наредните 3 месеци.

На отпочнувањето на работите присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, градоначалникот Коце Трајановски и вицепремиерот Владимир Пешевски.


02.09.2016

 

 

 

 

Air Max

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree