Асфалтирање на улицата Бапчор
Увид во градежните работи на улицата „Бапчор“ во Автокоманда, направи градоначалникот Тони Трајковски, кој во рамките на работните посети на градежните активности во Гази Баба беше орисутен и на асфалтирањето на улицата. Имено, на оваа улица, која е многу фреквентна, се прави реконструкција, каде претходно се направија приклучоци на зградите од оваа улица, бидејќи се правеа нивни доградби и реконструкции. Вкупната должина на улицата е околу 110 м, а активностите ги изведуваа општината заедно со ЈП Водовод и канализација, кои работеа на замената на водоводната мрежа и реконструкција на атмосферската и канализационата мрежа, а обврската за асфалтирањето е на општината. Вкупната инвестиција е 1 милион денари, а работите ги изведува фирмата Адра од Скопје. Градоначалникот рече дека со аваа активност ќе се подобри сообраќајот на населбата, но и апелираше низ оваа улица да не сообраќаат тешките товарни возила, иако е поставен таков сообраќаен знак, тој во многу случаи не се почитува. 23.04.2016 |