Бајрамски фудбалски турнир
ФК Фортуна од Сингелиќ втора година по ред го организира Бајрамскиот фудбалски турнир, на кој учествуваа младински екипи од неколку општини од градот Скопје – генерации 2003 и 2005 година, каде спортуваа и другаруваа. Градоначалникот Тони Трајковски беше присутен на турнирот, каде го додели пехарот на најдобрата екипа во фудбал, од генерација 2003. На тунирот учествуваа 10 екипи со над 200 деца. Наградите од генерација 2003 ги освоија: трето место екипата на Фортуна 2009, второ место екипата на ФАМОС, прво место екипата на Смилковци, најдобар голгетер е Дарко Младеновиќ од ФАМОС, најдобар голман 3 Никола Спасовски од Смилковци, најдобар играч Џемаил Јахии од Фортуна 2009. Наградите од генерација 2005 ги освоија: трето место екипата на ёфортуна 2009, второ место екипата на Албарса, прво место екипата на Кул, најдобар голгетер Албан Аземи од Фортуна 2009, најдобарт голман е Зафир Зафировски од СМИЛКОВЦИ, НАЈДОБАР ИГРАЧ Е Амар Мустафа од Албарса. Најфер екипа на турнирот е прогласена екипата на Њу Јорк ФК. 06.07.2016 |