ЦАФ стандард за администрација во Гази Баба
Општина Гази Баба во соработка со ОБСЕ започнаа со реализација на програмата -Заедничката рамка за оценка (Common Assessment Framework - CAF) која е европски инструмент за управување со квалитетот за јавниот сектор, врз основа на спроведување на самооценување од страна на самата институција. Ова е дополнителна алатка кон низата инструменти воведени за промовирање и спроведување на потполни принципи заквалитет во македонската администрација. ЦАФ моделот се базира на претпоставките дека одличните резултати во организациите се постигнуваат низ водство темелено на инспиративна стратегија и планирање и со поддршка на луѓето како најдрагоцен капитал, преку градење партнерства, рационално искористување на ресурсите и унапредување на процесите. Истовремено, употребата на CAF и овозможува на организацијата да иницира процес на постојано унапредување во нејзиното работење; да направи проценка на работењето, врз основа на докази за квалитет во управувањето темелени на критериуми широко прифатени низ јавниот сектор во Европа; да ги идентификува подеднакво напредокот, но и слабости во постигнувањата; да пронајде начин да постигне конзистентност и консензус за она што треба да биде на правено за да се подобри организацијата; да обезбеди поврзаност помеѓу резултатите што треба да се постигнат и добрите практики како тоа да се направи и да го измери прогресот низ периодични само-оценки. Во овој контекст, дел од општинската администрација присуствуваа на дво-дневна работилница со примена на соодветниот модел со 9 критериуми и 28 поткритериуми, како и употребата на панели за проценка, со цел процесот да се спроведе следејќи одредени насоки. 15.07.2016 |