Ден за безбедност и здравје при работа
Арцелор Миттал Скопје денеска го одбележаа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, со голем број настани. Оваа година, на овој ден компанијата се фокусира на теми од заштитата при работа, како што се паѓање од височина, приклештување, лизгање и падови. Заштитата се однесува на сите, од обичните работници и рударите, возачите и инженерите, па сè до членовите на Управниот одбор на компанијата, за да се заложат за преземање одговорност за безбедноста и здравјето, како и за благосостојбата на нивните колеги. „Да се биде дел од АрцелорМиттал – Скопје значи нашиот врвен приоритет во работата и во животот да бидат здравјето и безбедноста. Нашиот предизвик е да бидеме најбезбедната компанија од челичната индустрија во светот. Токму поради тоа, потребно е секој од нас активно да се вклучи во кампањата „Патот до нула," изјави главниот извршен директор на АрцелорМиттал , Волфган Марингер. АрцелорМиттал Скопје ја одбележува Неделата за здравјето и безбедноста со голем број активности. Целејќи кон подигање на свеста за важноста на здравјето и на безбедноста, вработените во месец април се вклучуваат во разни активности, како: спортски натпревари (фудбал, пинг-понг и куглање), планинарење, дискусии со работниците на тема безбедност и здравје, игри за безбедност, обука за прва помош, обука за здравје, квиз за безбедност и здравје за менаџерите, проверка на крвен притисок, шеќер, тежина, висина на вработените итн. Градоначалникот Тони Трајковски се обрати пред присутните и го изрази своето задоволство, прво за соработката на општината со АрцелорМитал, а потоа и ја поздрави долгогодишната традиција на оваа фирма во грижата за безбедноста и здравјето на своите вработени. Се надевам дека следната година кога ќе присуствуваме на овој настан кога фирмата ќе ја достигне бројката 0 како повреди и жртви од незгоди при работа, рече на крајот од своето излагање градоначалникот Трајковски. 27.04.2016 |