Директно вклучување во утринска програма на МРТВ
Градоначалникот Тони Трајковски имаше директно вклучување во утринската програма на МРТВ, каде зборуваше за новите инвестиции во општина Гази Баба. На местото на старата Млекара во Хиподром, ќе се гради стамбено – деловен комплекс, градинка и бензинска пумпа, инвестиција од околу 10 – 12 милиони евра. На улица „Киро Глигоров“ во близина на мостот Близнак, исто така ќе се гради стамбено – деловен комплекс, инвестиција во висина од околу 20 - 25 милиони евра. 29.06.2016 |