Одбележување на почетокот на пролетта во Гази Баба
Одбележување на почетокот на пролетта во Гази Баба
Месец март го симболизира доаѓањето на пролетта и по овој повод традиционално се плетат мартинки исклучиво од црвен и бел конец, тие се носат на рака, на облека уште од првиот ден во март, за здравје и среќа,плодност и долг живот, а потоа се закачуваат на првото расцветано дрво или додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк.
Мартинките се прават со испреплетување на бел и црвен конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност.
За да се зачува традицијата на нашите предци, петта година по ред, општина Гази Баба и основните училишта ја организираа манифестација „Мартинки“ каде учениците, во своите креативни работилници изработуваат мартинки, преку кои ги изразуваат своите креативни идеи и способности.
Оваа година, во просториите на општината како предвесници на пролетта дојдоа децата од градинката Детска радост, кои ни испеаа неколку песнички и ни подарија рачно изработени мартинки.
01.03.2016 |
sneakers