Доделување на плакети по повод Денот на Црвениот крст на РМ
Доделување на плакети по повод Денот на Црвениот крст на РМ
Општина Гази Баба во соработка со Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба"-Скопје организираа свечен прием за крводарителите од општина Гази Баба, по повод 17 Март Денот на крводарителите и Ден на Црвениот крст на Република Македонија.
Пред присутните крводарители и гости се обратија Раководителот на Секторот за поддршка на Градоначалникот во општина Гази Баба, Емилија Ѓурчиновска Матевска и Претседателот на Комисијата за крводарителство при ООЦК Гази Баба-Скопје и член на Извршниот одбор на ООЦК Гази Баба, Проф.д-р Петар Христов.
На приемот беа поделени плакети на:
- Крводарителите кои дарувале 25 и повеќе пати крв:. Орце Неделковски-МВР, Дарко Ангелов-А.Д Факом, Љупчо Пешевски-А.Д Факом, Ацо Цветковски-Михајло Пупин, Панде Караташов-МВР, Соња Дамевска-ЈСП Скопје, Тони Петровски-ЈСП Скопје, Роберт Новевски-А.Д Алкалоид, Сашо Стефановиќ-А.Д Алкалоид, Игнат Стоилковски- А.Д Алкалоид.
- Крводарителите кои дарувале 50 и повеќе пати крв:. Проф.др Ристо Проданов –Факултет за ветеринарна медицина, Зоранчо Ѓоргиевски-С.Д Стив Наумов, Илија Богоев- општина Гази Баба, Зоран Ѓеоргиевски-А.Д Факом, Кирил Дуковски-ЈСП Скопје, Зоран Николиќ-ЈСП Скопје.
- Најдобра работна организација на подрачјето на Општина Гази Баба за 2015 год. е општина Гази Баба.
- Најдобро средно училиште на подрачјето на Општина Гази Баба за 2015 год. е СЕТУ „Михајло Пупин" – Скопје.
- Најдобра образовна институција од Високото образование на подрачјето на Општина Гази Баба за 2015 год. е Факултетот за Туризам и бизнис логистика.
- Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба за 2015 год. е проф.др Ромел Велев од Факултетот а ветеринарна медицина- Скопје.
Општинската организација на Црвен Крст „Гази Баба" во 2015 год. од вкупно планираните 2835 единици крв има реализирано 59 акции и има собрано 3823 единици крв. Планот за 2015 година е исполнет со 135 %.
17.03.2016 |
Air Jordan 1