Договори за финасирање проекти на Здруженија на граѓани за 2016
Договори за финасирање проекти на Здруженија на граѓани за 2016
Во просториите на општина Гази Баба, официјално беше остварена средба на Градоначалникот Тони Трајковски и претставници од Здруженијата, на која ги потпишаа Договорите за учество во финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации од Гази Баба од локален интерес за 2016 година.
На Јавниот повик објавен во месец август 2015 год. за распределба на средства од Буџетот на општина Гази Баба, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации, беа поднесени 31 проект.
Комисијата, составена од општинската администрација ги разгледа сите пристигнати Проекти и според критериумите прифати 26 проекти.
По потпишувањето на Договоритe градоначалникот Тони Трајковски ги поздрави присутните со кои разговараше околу проектите кои ќе се реализираат заеднички со општината оваа година. Претставниците на Здруженија на граѓани и Фондации изразија голема благодарност до општината за разбирањето и подготвеноста за соработка во повеќе области.
19.02.2016 |
Air Jordan 1