Државен натпревар во атлетика за основци
На државниот натпревар во атлетика за основни училишта кој се одржа во Куманово учествуваа четири училишта од општина Гази Баба, Наум Наумовски Борче, Крсте Мисирков, Вера Јоциќ и Крум Тошев, каде учениците освоија осум златни и еден сребрен медал. Со златни медали се закитија следните ученици, Ева Илиевска со скок во далечина и скок во височина од ООУ „Наум Наумовски Борче", Ива Илиевска, Анастасија Караџа, Гала Урдаревска и Ана Стојковска за штафета 4х100 метри од ООУ „Наум Наумовски Борче" и Драган Живковски во фрлање ѓуле од ООУ„Крсте Мисирков". Сребрениот медал освои Анастасија Караџа во дисциплина 100метри од ООУ „Наум Наумовски Борче". 16.05.2016 |
NIKE AIR MAX