Форум за млади на тема малцинства, нови медиуми и разноликост
Форум за млади на тема малцинства, нови медиуми и разноликост
03.03.2016
Во просториите на хотел Континентал, денес беше отворен младинскиот форум „Претставување на малцинствата во новите медиуми во Централна и Источна Европа" кој е четвртиот и финален форум во рамки на проектот „Младите ја предизвикуваат разноликоста – Претставување на малцинствата во новите медиуми".
На самото отворање на форумот воведен збор зема Емилија Ѓурчиновска-Матевска, раководител на секторот за поддршка на градоначалникот на општина Гази Баба, Скопје.
Таа ги поздрави учесниците на форумот од име на општината Гази Баба која што е партнер на проектот во рамки на програмата Европа за граѓаните – акција: Мрежа на градови, испрати порака дека мултикултуралноста е важен и неодвоив дел од општината Гази Баба и изрази задоволство што општината е дел од овој проект којшто им овомозможува на младите луѓе платоформа за размена на мислење, ставови, и идеи коишто ја промовираат разноликоста и соживотот помеѓу различните етнички или социјални групи.
По отворањето на форумот, следеше соопштување на резулатите од мониторингот на медиуми кои што беше спроведен во рамки на проектот, а потоа следеа конструктивни панел дискусии и дебати.
„Повеќе информации за сите четири форуми кои беа организирани во рамки на овој проект се достапни ТУКА.
|
Ανδρικά Nike