Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гази Баба - бизнис пријателска општина во ЈИЕ

Во организација на Регионалниот Совет на BFC – SEE и NALED се одржа IV Регионален Конгрес на BFC – SEE во Подгорица на 09-ти мај, 2016. Во рамките на регионалниот конгрес свечено се доделија сертификатите за поволно деловно окружување во ЈИЕ, водени од лајтмотивот на слоганот „до нови висини“.

 

Во рамките на IV конгрес, членките на Регионалниот Совет на BFC – SEE, го акцентираа значењето од имплементацијата на овој стандард, а истовремено министрите и државните секретари на земјите членки на: Македонија, Србија, БИХ, Хрватска и новата членка - Црна Гора ги потенцираа своите заложби за поддршка на концептот на бизнис пријателски општини, како предуслов за поголем раст на локалните економии и привлекување на нови домашни и странски инвестиции.

Исто така, на конгресот се потенцира и можноста за вградување на овој стандард во законските рамки на своите земји, како предуслов за одредени грантови, субвенции, кредитирање итн., а во насока на мотивирање на градовите и општините во усвојувањето на стандардите и критериумите за бизнис пријателски општини.

Во рамките на конгресот се потпиша и Меморандумот за разбирање со министерството за финансии на Република Црна Гора за пристапување на општините од Црна Гора кон овој стандард.

Новоизбраниот претседател на регионалниот совет, Саша Дрезгиќ, професор на Економскиот Факултет во Риека, претставувајќи ја својата визија за развојот на BFC – SEE стандардот, најави нови пристапување и на други држави во системот на општини со бизнис пријателско окружување – Албанија, Бугарија, Романија и други.

Во рамките на Сесијата „Учиме од најдобрите искуства” , се разменија искуства од општините во регионот за стандардот за поволно деловно окружување и влијанието на градовите и општините кон економски раст на локалните економии и привлекување на нови инвестиции.

На крајот од регионалниот конгрес, претседателот на регионалниот совет, д-р Саша Дрезгиќ, амбасадорката на Германија во Република Црна Гора, Гудрун Елизабет Стеинакер и Кристоф ди Марко, менаџер во ГИЗ Отворен фонд за модернизација на општинските услуги, ги доделија Сертификатите за бизнис пријателски општини на 15 општини од регионот, меѓу другите и на Гази Баба, со што го означивме почетокот на еден нов период од развојот на општината.


10.05.2016

 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree