Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гази Баба учесник на Конференција во Виена

 

Советникот за финансиски прашања М-р Владимир Божиновски претставник од Општина Гази Баба учествуваше на Конференција "Public Governance as the Foundation of European Integration", која се одржа во Виена - Австрија во месец јуни, во организација на BACID - Building Administrative Capacities in the Danube Region, KDZ - Zentrum für Verwaltungsforschung - Centre for Public Administration Research и World Bank-Austria Urban Partnership Program.

Во рамки на панел дискусијата, подобри услуги преку посилни градови, тој ја презентираше алатката за финансиска општинска самопроценка – MFSA, како и насоки како општините самостојно да направат детално самооценување на финансискио капацитет, во насока на поддршка на општините во SEE во процесот на модернизација, иплементирање на реформи и локалниот развој.

Целта на настанот кој се одржа во Конгресниот центар на Виена – Австрија беше, представниците од повеќе општини, фондации, институти, комисии во рамки на Европска унија и други организации, да споделат информации за политиките на регионот, за напорите за реформа на јавната администрација во Западен Балкан, преглед на европските алатки за добро владеење, координација помеѓу националните и на локално ниво во par- програмите, иницирање на размена на знаења и постигнување на синергија и интеграција на земјите кандидати во Европската унија.

Исто така, во просториите на Светска Банка во Виена, Божиновски, во рамки на Urban Partnership Dialogue: Experiences, Results, and Next Steps, оддржа и видео кнференцијата со представници од Светска Банка во Washington – САД, каде беа презентирани практичните искуства, достигнувања и подобрувања во перформансот на финансиски менаџмент на Општина Гази Баба.


06.07.2016

Girls Nike Air Force 1 Shadow White Sail Stone Atomic Pink CZ8107-100 – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree