Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гостин во Сител телевизија

 

Градоначалникот Тони Трајковски беше гостин во утринската програма на Сител Телевизија „Ја сакам Македонија“, каде зборуваше за активностите на општината.

Летниот период кога учениците се на распуст, се користи за реконструкција на основните училишта и градинките и подобрување на условите за престој и одвивање на наставата, во тек се изградбите на пешачки патеки низ населените места, поставување на урбана опрема, изградба на водоводни и каналиозациони мрежи, санација на улиците и други тековни активности предвидени во програмите за работа.

Во делот на културата, од 1 ви јули започнува Меѓународниот фолклорен фестивал кој ќе се одржи на три локации – во Автокоманда, Булачани и Железара, Ревијата на народни носии, песни и инструменти во Црешево, концерти на забавна, народна и сериозна музика, како и забава за младите со гостување на познати Ди Џеи, а во делот на спортот, ќе се организираат турнири во фудбал и кошарка во населените места.

Градоначалникот Трајковски најави и повеќе нови инвестиции во следниот период во општината, помеѓу кои се: стамбено деловниот комплекс, со градинка и бензинска пумпа на местото на старата млекара во Хиподром, новиот културен дом во Автокоманда и изградба на студио за снимање на филмска музика, новиот стамбено деловен комплекс на ул. „Киро Глигоров“, во близина на автосалонот на Мерцедес и инвестиции предвидени во делот на обиколницата.


27.06.2016

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree