Гостување на Вешта жена во ,,Дневниот центар за стари лица“
Гостување на Вешта жена во ,,Дневниот центар за стари лица“
Во ,,Дневниот центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови"- Маџари, дојдоа во посета дел од жените учеснички на Вешта жена.
Целта на посетата беше да ги посетат корисниците и да ги почестат со вкусни колачиња, кои ги приготвија во Дневниот центар и да се создаде една опуштена и топла домашна атмосфера на втор дом.
Се разменија рецепти и се подели благодарност кон гостинките. Лидија е Вешта жена со големо искуство повеќекратно наградувана, а сега веќе и ментор.
Гостувањето преставува убав гест, по повод Денот на жената , за да им се разубави еден ден на корисниците од третото доба.
09.03.2016 |
adidas