Граѓани на Европа во Гази Баба
Градоначалникот Тони Трајковски денес на работна средба ги прими претставниците на земјите од Европската унија, Шпанија, Португалија, Кипар, Романија, Естонија и Италија кои се дел од проектот ТЕСЛА- кој е дел од програмата Европа за граѓаните. По добивањето на сертификатот за Бизнис пријателска општина, Гази Баба стана дел од проетот ТЕСЛА кој се спроведува преку Регионалниот Бизнис Центар –Скопје. На средбата гостите со претставници од општината разговараа и резменуваа искуства од областа на локалната самоуправа и функционирањето на повеќе нивоа, со цел да се добие појасна слика за бизнис можностите кои ги нуди општината. 13.05.2016 |
Nike