Интервенции по првите врнежи од снег во Гази Баба
Интервенции по првите врнежи од снег во Гази Баба
Со првите врнежи на снег оваа зимска сезона, фирмите ангажирани за зимско одржување на улиците низ општина Гази Баба, во текот на вечерта и раните утрински часови интервенираа со специјални возила за расчистување на снег на критичните делници во општината.
Интервенциите се правea на патните правци во Железара, Ченто и населените места од Сингелиќ до Раштак, каде беа фрлени 8 тони сол.
Фирмите кои работат на зимско одржување во општина Гази Баба се „Река Интернационал” и „Билдинг“.
03.01.2016 |