Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Нов кружен тек во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски, како и голем број на граѓани од општината , присуствуваа на пуштање во употреба на новиот кружен тек, кој се наоѓа меѓу улиците 16-та Македонска бригада и Коце Металец.

 

Со овој проект, на местото на крстосницата меѓу улиците беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри.

Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриени со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри.

На изградба на новиот кружен тек работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“, а Градот Скопје за градежните работи вложи околу 45 милиони денари. Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња. На уредувањето на зеленилото работеа екипите на ЈП „Паркови зеленило“, а Градот Скопје потроши околу 4,3 милиони денари.

На новиот кружен тек е поставено и улично осветлување, со 35 столба за улично осветлување високи по 8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати, за што беа задолжени екипите на компанијата „Елтра“. За поставување на осветлувањето, како и за дислокација на инсталациите Градот Скопје потроши околу 4,3 милиони денари.

Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек изнесува околу 53,6 милиони денари.


12.07.2016

adidas Mutator

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree