Kрводарителска акција во Гази Баба
Општина Гази Баба заедно со општинската организација на Црвен Крст Гази Баба Скопје организираа традиционална крводарителска акција втора по ред која се одржа денес во големата сала на општина Гази Баба на која беа собрани 22 единици на крв, а во текот на годината во Гази Баба се одржуваат вкупно три крводарителски акции. Градоначалникот Тони Трајковски ја подржа оваа иницијатива и апелираше сите граѓани да ја изразат својата хуманост и солидарност преку дарување на крв, вашата крв спасува живот и продолжува многу животи. 07.06.2016 |