Манифестација „Ѓурѓовденско чествување“ во Сингелиќ
По повод верскиот празник Свети Ѓорѓија - Ѓурѓовден, во црквата во Сингелиќ се одржа манифестацијата „Ѓурѓовденско чествување“. Оваа манифестација се одржува третта година по ред и е дел од Програмата за култура на општина Гази Баба за 2016 година.
Целта на одржување на овој настан е чествување на Свети Ѓорѓија, а воедно и можност за презентација на нашето културно богатство и одржување на вековната традиција. На манифестацијата учествуваа членовите на ЦМФ Митеви и Културно уметничко друштво од Нови Сад, Република Србија, кои пред големиот број на верници изведоа неколку ора од своите краеви. На овој убав настан присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски, кој на сите присутни им го честита празникот, а на гостите од Нови Сад им посака пријатен престој во нашата општина. 06.05.2016 |
Air Force 1 Sage Low