Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба 2016

 

Во рамките на Културно Лето „Гази Баба 2016“ се одржа седмиот меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба.

На концертот учествуваа фолклорни друштва од Македонија, Италија, Бугарија, Полска, Северен Кипар како и домаќинот- Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“. Фестивалот беше организиран од општина Гази Баба, а поддржан од Министерството за култура на Р.Македонија, ЦИОФФ и ДУЦОР„Партенија Зографски“ и секоја година прераснува во фестивал посакуван за учество од културно уметнички друштва од Европа и светот.

Фестивалските вечери се одржаа пред голем број посетители на неколку локации во Гази Баба: плоштадот во Автокоманда, салата „Методија Андонов-Ченто“ во ОУ„Наум наумовски –Борче“ и во н.Железара во дворот на ОУ„Григор Прличев“.

Фолклорните друштва се претставија со песни и игри, претставувајќи дел од фолклорот и традицијата на своите земји.

На дел од програмата присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски заедно со градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Градоначалникот Трајковски ги поздрави присутните учесници , како и гостите кои го следеа концертот.

Фолклорните друштва со своите изведби, музика и прекрасните носии од своите држави ја воодушевија присутната публика.


06.07.2016

Alle Artikel

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree