Мини баскет за најмладите
Општина Гази Баба, во соработка со Општинскиот Сојуз на училишен спорт и Македонската Кошаркарска Федерација, организираше дружење на учениците од одделенска настава од основните училишта преку спортската активност мини баскет. На настанот, кој се одржа во спортската сала „Методија Андонов - Ченто“ во н. Маџари, присуствуваше градоначалникот Тони Трајковски кој имаше свое обраќање пред присутните и на учениците им посака убаво дружење и напомна дека ќе се продолжи со организирање на вакви настани се со цел учениците од помала возраст да бидат поактивно вклучени во спортските активности. . Обраќање имаше и генералниот секретар на Македонската Кошаркарска Федерација, Моника Гаврилоска која истакна дека Кошаркарската Федерација е секогаш подготвена да учествува и да поддржува проекти за популаризација на кошарката. На спортското дружење присуствуваа и голем број на ученици од основните училишта и нивните наставници како поддршка на нивните другарчиња кои се натпреваруваа. 07.04.2016 |
Air Jordan 1