Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Модна ревија во ООУ„ Дане Крапчев“

 

Во основното училиште „Дане Крапчев“ се одржа модна ревија Trash Fashion на која се презентираа модели изработени од отпадни материјали со цел да се подигне еколошката свест за употребната вредност на отпадот.

Како креатори на ревијата се претставија учениците : Ферузе Асанова, Андриана Милошевска, Ева Давковска, Ева Алексовска, Селма Косовиќ, Адиса Хоџиќ, Александар Недев, Клементина Аврамовиќ, Дијана Велковска, Михаела Марковиќ.

Манифестацијата беше збогатена со танцови настапи на учениците и интервјуата со креаторите кои открија од каде црпеле инспирација и кои материјали ги користеле при реализацијата на идејата.

Свој настап имаше хорот на училиштето, предводен од наставничката Роза Јаневска.

Тие ја отпејаа еко химната на училиштето.

Беа доделени и дипломи од натпреварите по биологија од општинскиот, регионалниот и државниот наптревар за учебната 2015/2016 година.


01.06.2016

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - вторник и петок: 08:30-11:30
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree