Најдобрите на еднодневна екскурзија
За најдобрите спортски екипи и поединци кои настапуваа во училишните спортски лиги во учебната 2015/2016година и за најдобрите ученици од ОУ„Наум наумовски – Борче“ и ОУ„Дане Крапчев“ кои на државните натпревари во хорови, оркестри и соло пеење ги освоија првите места, општина Гази Габа ги награди со еднодневна екскурзија. Учениците се дружеа и заедно со своите наставници разгледаа дел од убавините на Република Македонија, односно го посетија Вевчани каде ги видоа прекрасните Вевчански извори и водопади. Во текот на денот ја посетија и Струга каде прошетаа покрај кејот на реката Дрим и на плажите покрај Охридското езеро. Во текот на целата учебна година се одржуваа натпревари во следниве спортови : Футсал- машки, футсал- женски, кошарка- машки, кошарка – женски,одбојка, ракомет- женски, пинг понг - машки,пинг понг- женски, тенис- машки, тенис- женски,шах- машки, шах- женски, атлетика- машки и атлетика- женски. 14.06.2016 |