Најдобар наставник за 2015 година
Градоначалникот Тони Трајковски во својот кабинет имаше средба со директорката Благица Станковска и наставничката Тања Метикош од ООУ Дане Крапчев, која учествуваше на избор за најдобар наставник за 2015 по номинација од страна на колега.
На повикот за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2015 година кој го објави Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија, учествуваа 9 наставници, а својот глас го дадоа 589 гласачи. По гласањњето, наставничката Тања Метикош беше една од двете избрани за Нај ООР наставник.
Номинирањето на наставници и професори се одвиваше онлајн, преку пополнување на формулар , а и гласањето беше на истиот начин.
Наставникот и професорот кои добија најмногу гласови се прогласени за Нај ООР наставник и Нај ООР професор.
Тања Метикош е краеатор на блогот ИЗВОРЧЕ izvorcemk.wordpress.com каде што несебично споделува дел од својата работа и креативност .На тој начин соработува со наставниците од целата држава
Градоначалникот и ја честиташе наградата на наставничката и предложи наставниците од сите основни училишта да бидат запознаени со активностите на Алијнсата за отворени образовни ресурси во Македонија.
Наградата за победниците на изборот е учество на втората Еду-конференција за наставници и информатичари 2016, која ќе се одржи во периодот 1 – 3 април 2016 година во Хотел Дрим, Струга.
24.03.2016 |
Air Jordan